Денеска (20.08.2024) на влез на Граничен премин „Табановце” од слобода е лишен Ф.Ф.(26) од Скопје, со привремен престој во Франција, соопштија од МВР.
Од таму велат дек при извршена дополнителна контрола на патничко моторно возило “БМВ” со национална ознака на Р. Франција, сопственост на Ф.Ф. било констатирано дека типската налепница отстапува од оригиналноста, а бројот на шасија е оштетен и физички е делувано на истиот.
Возилото е одземено со потврда, додека лицето ќе биде предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од МВР.