Хроника Осомничени се и малолетници

Приведени крадци во Велес, одземеното ќе биде вратено на сопственикот

Одземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот.

Приведени крадци во Велес, одземеното ќе биде вратено на сопственикот

На 14.11.2023 во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода С.Џ.(19) и 35-годишната М.М., двајцата од Велес.

Тие се сомничат дека со малолетничка од Скопје и малолетник од Велес во текот на денот од продажен објект во Велес одзеле повеќе предмети.

С.Џ. и М.М. се приведени во полициска станица, а со малолетниците, во присуство на нивните родители, бил извршен службен разговор.

Одземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот.

За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top