На 27.03.2024 во 20:15 часот на ул.„Рампо Левката“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Д.А.(21) и Д.А.(19), двајцата од Прилеп.
Приведени се затоа што при преглед кај нив и на патничко возило „опел астра” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Д.А.(21), а Д.А.(19) бил сопатник, биле пронајдени повеќе апчиња „бупренорфин“ и капсули „трамадол“ без соодветна документација.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.