Хроника Радовишко

Приведени две лица, во нивното возило најдена марихуана

При преглед на патничко возило „опел астра“ со радовишки регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена марихуана.

Приведени две лица, во нивното возило најдена марихуана

На 05.03.2024 во 23:45 часот во с.Раклиш, радовишко, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода А.Б.(34) и И.Е.(38), двајцата од с.Раклиш.

При преглед на патничко возило „опел астра“ со радовишки регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена марихуана.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот  против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top