Хроника Франгово

Приведени две лица, предизвикале пожар на земјиште во државна сопственост

По целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Приведени две лица, предизвикале пожар на земјиште во државна сопственост

На 01.04.2024 во 13:20 часот во струшкото село Франгово, полициски службеници од ОВР Струга ги лишиле од слобода Б.И.(50) од истото село и Р.Л.(40) од Република Албанија.

Тие се сомничат дека во близина на село Франгово предизвикале пожар на земјиште со нискостеблеста вегетација во државна сопственост.

Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.

По целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top