Хроника сторени кривични дела кражба и тешка кражба

Приведена девојка што крадела од дуќани во трговски центар во Скопје

Имено пријавената од четири различни дуќани во трговскиот центар одземала предмети.

Приведена девојка што крадела од дуќани во трговски центар во Скопје

На 24.11.2023 во 21.00 часот во трговски центар на подрачјето на Карпош полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош ја лишиле од слобода Ј.М.(19) со живеалиште во Пробиштип, а со престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела кражба и тешка кражба.

Имено пријавената од четири различни дуќани во трговскиот центар одземала предмети.

Со неа бил извршен службен разговор во кој во целост го појаснила начинот на извршувањето на кривичните дела. Украдените предмети ќе бидат вратени на сопствениците и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

To top