Хроника автопат Тетово-Гостивар

Приведен возач: Управувал возило со 162 км/час на место каде е дозволено 80 км/час

Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управувањена моторно возило“.

Приведен возач: Управувал возило со 162 км/час на место каде е дозволено 80 км/час

На 08.06.2025 во 17:43 часот на автопат Тетово-Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода В.М.(24) од с.Пирок, тетовско.

При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности, полициските службеници констатирале дека В.М. управувал патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистерски ознаки со брзина од 162 километри на час на место  каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управувањена моторно возило“.

Најнови вести од Хроника

To top