Хроника ГП Табановце

Приведен српски државјанин, имал фалсификувана возачка дозвола

На истиот граничен премин вчера околу 17:25 часот од слобода е лишено и лицето В.А. (39) српски државјанин при обид за влез во државава со мопед марка „Aprillia RSV4“ со швајцарска национална ознака.

При гранична контрола лицето на увид приложило швајцарска возачка дозвола на негово име за која што по дополнителна контрола со помош на претставници на „Фронтекс“ било констатирано дека е целосен фалсификат. По консултација со надлежен ОЈО В.А. поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело – „фалсификување исправа“ – по член 378 став 1 од КЗ, е лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

To top