Денеска (03.08.2024) околу 13.00 часот, на Граничниот премин Богородица при излез од РСМ, од страна на полициски службеници од слобода е лишен Е.А.(44) од Република Косово.
-Е.А. бил баран со меѓународна потерница од Интерпол, Тирана – Албанија за сторено кривично дело “недозволена трговија со дрога”. Е.А. е задржан за понатамошна постапка, соопшти МВР.