Хроника МВР

Приведен крадец во Скопје, одземеното возило е вратено на сопственикот

По преземени мерки од страна на полициските службеници, Д.Т. е лишен од слобода, а возилото пронајдено и вратено на сопственикот.

Приведен крадец во Скопје, одземеното возило е вратено на сопственикот

Денеска (01.07.2024) полициски службеници од ЕВР-ОКР Кисела Вода при СВР Скопје го лишија од слобода Д.Т. од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „одземање на моторно возило”.

Имено, во периодот од 19:00 часот на 27.05  до 14:00 часот на 28.05.2024 во Скопје, Д.Т. одзел патничко моторно возило „опел вектра“, сопственост на Љ.Л. од Скопје.

По преземени мерки од страна на полициските службеници, Д.Т. е лишен од слобода, а возилото пронајдено и вратено на сопственикот.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

To top