Хроника МВР

Приведен е син на поранешен висок функционер во Македонија – се сомничи за „Оддавање службена тајна“

Во текот на разговорот, од обвинетиот бил одземен мобилен телефон, а полицијата презела и други мерки во рамки на истрагата.

Приведен е син на поранешен висок функционер во Македонија – се сомничи за „Оддавање службена тајна“

Приведен е син на поранешен висок функционер во Македонија. Станува збор за лице со иницијали Ќ.Б., а приведено е поради сомневање за кривично дело „Оддавање службена тајна“.

Според информациите, приведувањето се случило по извршен службен разговор во полициската станица, каде лицето било повикано за да даде исказ во врска со ова кривично дело.

Во текот на разговорот, од обвинетиот бил одземен мобилен телефон, а полицијата презела и други мерки во рамки на истрагата.

„Лицето за кое прашувате на 28.12.2024 беше приведено, при што во полициска станица беше извршен службен разговор во врска со кривично дело Оддавање службена тајна, одземен му е мобилен телефон, по што по насока на ОЈО лицето е ослободено“, вели портпаролот на МВР,Гоце Андреевски, за ТВ21

To top