Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога, до Основно јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против И.М.(48) од Куманово поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.
По преземени мерки и активности, на 22.01.2024 во Куманово бил извршен преглед во возило во кое се наоѓал И.М., при што кај него бил пронајден и одземен хероин. Лицето било лишено од слобода и по извршено вештачење против него е поднесена пријавата.