На 07.11.2023 на Плоштад „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Р.(28) од Прилеп.
Тој се сомничи дека извршил кражба во објект за продажба на сувенири, сопственост на Музеј Прилеп.
Одземените предмети се пронајдени кај него и вратени се на сопственикот. Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.