Во СВР Тетово вчера околу 11:40 часот пријавено е дека на улица „Косовска“ во Тетовo патничко моторно возило удрило во 64-годишниот Т.А. од Тетово, по што го напуштило местото на настанот.
-Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, информираат од СВР Тетово.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и расчистување на случајот.