На 21.12.2024 во СВР Велес било пријавено дека околу 09.40 часот на улица „11-ти Октомври“ во Велес, патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.Н.(30) од Велес, удрило во 80-годишната К.К. од Велес.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.К., констатирани во болницата во Велес, информира МВР.
По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.