Две жртви има во тешката сообраќајна несреќа, која се случи денеска во 14:25 часот на експресниот пат Штип-Кочани во близина на индустрискиот дел на Штип, потврди портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова во писменото соопштение до медиумите.
Жртвите се на возраст од 40 и 64 години, од Кочани од Скопје.
-На 20.04.2024 на експресниот пат Штип – Кочани во близина на индустрискиот дел Штип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “пежо” со кочански регистарски ознаки управувано од 40 годишниот А.Н. од Кочани и патничко моторно возило “шкода” со скопски регистарски ознаки управувано од 66 годишниот Б.Д. од Скопје. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот на пежото и сопатничката 64 годишната Л.Д. во шкодата, се вели во соопштението од СВР Штип.
Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Штип. Повреден е и 66 годишниот возач од Скопје, брачен другар на сопатничката во возилото шкода со скопски регистерски таблички. Префрлен е во штипскиот Клинички центар.