На 04.07.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека во с.Горобинци, светиниколско, настанал пожар на сува трева, а од пожарот била зафатена штала во сопственост на Д.Ц.(32) од с.Горобинци.
Повредени лица нема. Во пожарот покрај шталата изгореле две грла добиток, сточна храна, млин и други предмети.
Од Територијалната противпожарна единица Свети Николе пожарот бил локализиран.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.