На 17.04.2024 во 14.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Хаџи Јован Шишков“ во населба Шуто Оризари во Скопје настанал пожар во куќа сопственост на С.Ќ.(53) од Скопје.
Од пожарот делумно била зафатена и куќата на Џ. Ќ.. Притоа, на Ш.Ќ. ѝ се слошило и била префрлена во здравствена установа за укажување на помош.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.