Хроника нема повредени

Пожар во Аеродром, опожарени неколку возила

Пожар во Аеродром, опожарени неколку возила

На 09.12.2025 во 03:57 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар во патничко возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Г.(43) од Скопје.

-Од пожарот оштетени биле гаража, како и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.А. (45) од Скопје и патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.С.(64) од Скопје, информира МВР.

Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат. Увид ќе се врши во текот на денот.

To top