На 08.06.2024 во 12.45 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар во куќа, која времено ја користел В.В.(65).
Во пожарот куќата со гаражата биле целосно изгорени како и патничко возило „фиат темпра“. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита.
Повредени лица нема.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.