Пуштен е сообраќајот на патот Делчево – М.Каменица кој поради сообраќајка на две возила беше во прекин од 19 до 21 часот. Во сообраќајката едно лице е потешко повредено, но е вон животно загрозувачка состојба.
Лицето кое се здобило со скршеници на коски е пренесено на понатамошно лекување во клиничка болница Штип.
Во двете возила кои учествувале во несреќата се наоѓале и други лица кои имале полесни повреди и не се задржани во делчевската Итна помош.
На местото на настанот увид изврши екипа на МВР Делчево, од каде повеќе детали за причините за несреќата најавија за утре. (МИА)