Хроника куманово

Повредени три лица во судир на мотор и два автомобили

Повредени три лица во судир на мотор и два автомобили

На 02.06.2025 околу 21.10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Трајко Прокопиев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат ибица“, управувано од Ф.Т.(23) од Куманово, патничко возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(25) од Куманово и мотоцикл „хонда“, управуван од П.Н.(37) од Куманово.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди се здобиле Ф.Т. и Е.С., констатирани во болницата во Куманово, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.

Најнови вести од Хроника

To top