На 26.07.2025 во 20.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.25 часот на крстосница од бул.„Трета македонска бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која со повреди се здобиле три лица,.
Во несреќата учествувале автомобил „фолксваген голф“ со италијански национални ознаки, управуван од М.Т.(22) и автомобил „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 46-годишната С.М., двајцата од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.М., констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Додека пак, со телесни повреди се здобиле возачот М.Т и неговиот сопатник М.А.(23) од с.Црн Врв, општина Студеничани, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.