Хроника

Повредени три лица во сообраќајка кај Макреш

Повредени три лица во сообраќајка кај Макреш

На 15.05.2024 во 06.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово-с.Макреш, атар на с.Макреш, општина Старо Нагоричане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат кордоба“, управувано од Ј.С.(45) од Куманово и патничко возило „рено меган“, управувано од А.С.(36) од с.Канарево, кумановско, двете со кумановски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ј.С., додека неговиот сопатник С.А. и другиот возач А.С. се здобиле се телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

To top