Хроника

Повредени тинејџери, излетале со автомобил

Повредени тинејџери, излетале со автомобил

На 30.03.2026 во 07:50 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат Богданци-Гевгелија, помеѓу крстосниците за селата Ѓавато и Богородица, гевгелиско, патничко возило „форд фиеста“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(18) од Гевгелија, излетало од патот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди неговиот сопатник П.Ч.(18) од Гевгелија, констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.

To top