Хроника

Повредени двајца 20 годишници, излетале со автомобил

Повредени двајца 20 годишници, излетале со автомобил

На 23.03.2026 во 19:20 часот на регионалниот пат Тетово-Јажинце, на влез за с.Рогачево, општина Јегуновце, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.А.(20) од с.Јажинце, општина Јегуновце, излетало од патот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.З.(20) од с.Јажинце, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово, информира МВР.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

To top