Двајца возачи се повредени во сообраќајна несреќа која синоќа, околу 1 часот по полноќ, се случила на ул.„Александар Урдаревски“, во близина на крстосница со ул.„Бутелска“, во скопски Бутел.
Сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничко возило „мерцедес Ц220“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(44) од Скопје и патничко возило „опел тигра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(23) од с.Горно Оризари, скопско.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.К., а со телесни повреди се здобил А.Ј., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје