На 23.12.2025 во 13:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар- с.Градец, во с.Врапчиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со чешки регистарски ознаки, управувано од Ј.Р.(50) од с.Врапчиште, гостиварско и патничко возило „шкода“ со хрватски регистарски ознаки, управувано од А.И.(30) од с.Врапчиште, гостиварско, кои по инерција удриле во двајца пешаци Ј.Р.(26) и Ф.А.(22), двајцата од с.Врапчиште, гостиварско.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Ј.Р., додека Ф.А. со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Гостивар, информира МВР.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.