Хроника осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата

Поведена постапка: Сопругот и се заканил со бркање од домот или фрлање од 4 кат бидејќи не сакала да му даде продолжен кабел

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово определи мерка притвор во траење од 8 дена за осомничениот.

Поведена постапка: Сопругот и се заканил со бркање од домот или фрлање од 4 кат бидејќи не сакала да му даде продолжен кабел

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничениот, на 9 декември, во заедничкиот дом во Тетово, започнал расправија со сопругата заради продолжен кабел кој што таа го купила и не сакала да му го даде да го користи. Во момент на нервоза, тој започнал да ја пцуе и да и се заканува дека ќе ја избрка од дома заедно со нивните две малолетни деца или дека ќе ја фрли од прозорецот на 4-от кат, информираат од Обвинителството.

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово определи мерка притвор во траење од 8 дена за осомничениот.

To top