На 06.12.2023 во 18:15 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Ф.К.(33) од Радовиш.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена ловечка пушка која ја поседувал без дозвола.
Запознаен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.