СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Р.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојничка кражба“ и „полово вознемирување“.
На 19.07.2024 во продажен објект во Драчево во Скопје, пријавениот физички ја нападнал вработената и одзел производи, по што го напуштил местото.
Набргу се вратил без облека и ја повикал за да ги плати производите.
Веднаш по настанот тој бил фатен и лишен од слобода.