СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.О.(38) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 20.03.2023 во Битола, полициски службеници извршиле преглед над лице од Битола, при што пронашле и одзеле хероин, која претходно го купил од пријавениот.