Хроника Нема повредени

ПО ПОЖАРОТ: Делот за брза храна во Ист Гејт Мол е ЗАТВОРЕН, трговскиот продолжи со работа

Како што информираа од Територијална противпожарна бригада на Град Скопје за МИА, во гаснењето на пожарот е интервенирано со 15 пожарникари и пет возила. 

ПО ПОЖАРОТ: Делот за брза храна во Ист Гејт Мол е ЗАТВОРЕН, трговскиот продолжи со работа

Tрговскиот центар Ист Гејт Мол денеска продолжи со работа од 13:00 часот. Делот за брза храна ќе биде затворен за посетители и деловна дејност, информираа во соопштение од трговскиот центар,  по пожарот што избувна утрото на најгорниот кат, во делот на рестораните каде се подготвува храна.

Во пожарот нема повредени и е причинета материјална штета. Веќе е завршен увидот за причините од страна на надлежните органи.

Трговскиот центар ќе продолжи со редовно работно време, до 22:00 часот.

Како што информираа од Територијална противпожарна бригада на Град Скопје за МИА, во гаснењето на пожарот е интервенирано со 15 пожарникари и пет возила.

To top