Хроника во бутел

Пијан возач не застанал на знак на полиција, па удрил во автомобил на МВР

Пијан возач не застанал на знак на полиција, па удрил во автомобил на МВР

На 01.05.2025 околу 20.40 часот на бул. „Босна и Херцеговина“ во Скопје, патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски таблици, управувано од Ш.Е.(55) од Скопје, не застанало на даден знак за запирање од страна на полициски службеници од СВР Скопје и по кратко кратко време удрило во возило „голф“, сопственост на МВР.

-По преземени мерки, утврдено е дека Ш.Е. го управувал возилото под дејство на алкохол. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, информира МВР.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

To top