На 08.01.2025 во 20.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на крстосницата од ул.„Алексо Демниевски“, ул.„Вардарска“ и ул.„Наум Наумовски“ во Велес, патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(28) од Велес, удрило во пешакот С.П.(71) од Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.