На 18.11.2025 околу 19.50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од 27-годишната Н.Т. од Куманово удрило пешакот О.А.(46) од с.Тромеѓа, кумановско, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.