Хроника

Пешак тешко повреден во Гостивар

Пешак тешко повреден во Гостивар

На 05.01.2026 во 16:05 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Градец, во населба Млаки, патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(46) од с.Врапчиште, гостиварско, удрило во 69-годишниот Б.С. од Гостивар, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Гостивар.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

To top