На 29.11.2023 во 17.35 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на ул.„22 Декември“ во Дебар, патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Н.(61) од с.Чајле, гостиварско, удрило во пешакот А.В.(63) од Дебар.
-Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Дебар.