Хроника

Пешак тешко повреден, удрен од автомобил на кружен тек

Пешак тешко повреден, удрен од автомобил на кружен тек

На 30.09.2025 во 17:14 часот во СВР Скопје е пријавено дека на кружен тек на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.И.(52) од с.Долно Количани, скопско, удрило во пешакот Љ.В.(54) од с.Агино село, кумановско.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

Најнови вести од Хроника

To top