На 06.10.2024 во 14.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„534“ во село Марино, скопско, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ш.(20) удрило во пешакот П.Н.(54), двајцата од населба Илинден, скопско.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.