Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Т.Л.(29) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“.
На 10.05.2023 во Кичево, пријавениот на женско лице од Кичево ѝ овозможил да користи марихуана во возилото кое го управувал.
При преглед кај нив била пронајдена дробилка со остатоци од марихуана.