Хроника нема повредени

Опожарено возило на автопатот Велес-Скопје кај Пуста Кула

Опожарено возило на автопатот Велес-Скопје кај Пуста Кула

Во СВР Велес вчера во 13:30 часот било пријавено дека на автопат А1 во правец Велес – Скопје, кај место викано „Пуста кула“ настанал пожар во патничко возило во движење „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал 31 годишниот С.В. од Велес, информира денеска Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

-Повредени лица нема, а интервенирала Територијална противпожарна единица од Велес. Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот, појасни Ѓаковска.

To top