Хроника

Ограбиле деловен објект во Бутел, па предизвикале пожар

Ограбиле деловен објект во Бутел, па предизвикале пожар

На 05.02.2025 во 06.24 часот во СВР Скопје било пријавено дека неколку лица со употреба на сила и алат влегле во деловен објект на подрачјето на населба Бутел и откако одзеле повеќе предмети, предизвикале пожар во објектот, по што го напуштиле местото.

Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

To top