На 07.06.2024 во 13.45 часот во СВР Скопје, М.С.(23) од Скопје пријавила дека на паркинг на подрачјето на Бит Пазар од залутано зрно од огнено оружје бил оштетен кровот од нејзиното патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.