Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград-Ниш, кај клучката Умчари.
Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот.
Медиумите објавија дека во возилото за време на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Назим Авдиу и сопругата на Шкелзен ги загубија животите на место, додека Шкелзен се здоби со тешки повреди.
Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.