На 21.03.2025 во 16.50 часот во ОВР Гостивар, било пријавено дека на локалниот пат с.Зубовце-с.Врапчиште, патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(47), удрило во пешакот М.Ј.(55), двајцата од с.Врапчиште, гостиварско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.