Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ќ.С.(23) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.
-На 01.09.2024, пријавениот во Полициската станица Гостивар лажно пријавил дека истиот ден пред општина Гостивар, М.Х.(33) поради недоразбирање во врска со првенство на минување, наводно излегол од возилото и извадил нож, а потоа заминал, информира МВР.
Од извршениот увид во безбедносните камери, било утврдено дека М.Х. не го сторил делото.