При извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени вкупно 1.115 парчиња разновидни пиротехнички средства. Тој е приведен во полициска станица, известен јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Истиот ден (19.12.2023), при преглед на тезга на Градскиот пазар, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес кај Ц.З.(62) од Велес пронашле и одзеле 300 парчиња пиротехнички средства.
Со лицето бил извршен службен разговор во Полициската станица Велес и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.