Денеска (24.12.2023) на територија на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.В. (35) од Скопје, кој бил затекнат како на импровизирана тезга продава разновидни пиротехнички средства.
Запленети се вкупно 2619 разновидни пиротехнички средства.
По документирање на случајот, против В.В. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.