Хроника борба против корупцијата

МВР вечерва апси актуелен директор, примал мито, завршил со лисици

Бил фатен при барање и примање мито од ни помалку ни повеќе 50.000 евра.

МВР вечерва апси актуелен директор, примал мито, завршил со лисици

Неофицијално, службите за борба против организиран криминал при БЈБ уапсиле актуелен директор на државна институција, фатен при барање и примање мито од ни помалку ни повеќе 50.000 евра.

Дали делувал сам или зад случајот стои поширока мрежа, ќе покаже официјалната истрага и информациите од надлежните институции.

Според неофицијални информации, станува збор за директор на Државниот инспекторат за земјоделие Васе Анакиев.

Оваа акција е дел од определбата да се води битка против корупцијата неселективно и непристрасно, неофицијално брифираат од органите кои ја спроведуваат акцијата.

To top